речник контакт

Пресудата за убиството во Ореше укината

Досега три пати имаше осудителни и еднаш ослободителна пресуда

Петар Печков

Укината е   првостепената   пресуда  за убиството в о село Ореше, на Основен суд Велес со која  Горе Петровски обвинет  како  нарачател беше осуден на 13  години додека обвинетите браќата  Љупчо и Ордан Горгиевски беа осудени на по 10 години затвор .Апелациониот суд од Скопје ја врати  на повторно судење  кое  е закажано за први јуни.

Ова е информацијата објавена на  веб страната на велешкиот суд, без дополнителни информации, зошто пресудата е укината и коли  се напатствијата по кој треба да се постапи.

Целиот предмет  е без  материјални докази и  се темели  на изјава на заштитен сведок, која беше менувана во текот на судењето. Има   пропусти во истрагата и единствено праведна пресуда е ослободителна - изјави  Коста Нојков  бранител на  Петровски.  

Ова беше  четврта пресуда за ова дело. Со првите две пресуди обвиентите  беа прогласени за виновни и добија по 12 години  затвор а  со третата  добија ослободителна пресуда.   Според обвинението Ордан и Љупчо Георгиевски го усмртиле старецот Лазо Милошевски ( 71 год) на 2-ри декември 2005-тата година, додека тој во неговата куќа подготвувал вечера. Од соседниот двор од триесетина метри растојание околу 20,40 часот биле истрелани два куршуми од кои едниот завршил во Милошевски  и бил фатален за него.

Старецот е пронајден мртов од соселаните следното утро.  Обвинителството смета дека убиството било извршено заради одмазда и за пари по нарачка на Ѓоре Петровски, кој  тогаш  живеше на Флорида во САД.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »