речник контакт

Претрес во дом на велешанец, полицијата привела дилер, пронајдена дрога

Во средата во друг случај во дом во Штип уапсени штипјанец и велешанец оти во просториите била пронајдена дрога

Петар Печков

Полициски службеници, со обезбеден налог од судот, извршиле претрес во дом на велешанец и пронашле дрога. МВР со детали за претресот.

„На 05.07.2023 (среда) во 10.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес лишен е од слобода А.А.(31 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени 19 пакувања со кафеава прашкаста материја“ - соопштија од МВР.

Лицето било приведено и задржано во Полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден, среда, во Штип при претрес во дом на штипјанец,  домаќинот О.М.(45 год) и велешанецот И.Д. (31 год) биле уапсени од страна на полицијата, оти биле пронајдена дрога. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »