речник контакт

Претседавачот на Советот, Петров поднесе оставка

Оставката ја поднел ,,од лични и професионални причини,,

Петар Печков

Минатиот четврток, откако ги потпишал донесените одлуки од  37-та седница на Советот на Општина Велес, за да можат тие да излезат во Службен гласник, претседавачот Душко Петров  поднел писмена оставка.

Тој оваа информација ја потврди за ТрМр.  Причините за оставката тој   ги прецизираше дека се ,,од лични и професионални мотиви,,. 

Бидејќи во тек е летната ферија  за работата на Советот, името на новиот претседавач ќе биде познато дури по 20-ти август, кога ќе треба овој орган на локалната власт,  да продолжи со работа. 

Петров на оваа функција беше од 27 октомври 2017-та година, откако беше конституиран новиот Совет на Општина Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »