речник контакт

Претседателот Пендаровски во посета на Азот (фото и видео)

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ ги посети селата Теово, Богомила и Горно Врановци во општина Чашка

Петар Печков

Претседателот  на Република Македонија Стево Пендаровски претпладнево беше гостин на неколку населени места од регионот на Азот. Ги посети селата Теово, каде пристигна со утринскиот воз од Скопје а потоа беше и во Богомила и Горно Врановци.

Во Теово на претседателот Пендаровски му беше претставен јаворот  а ова платаново стебло е  прогласено за природна реткост, под надлежност на општина Чашка. Со  локалните жители  претседателот Пендаровски разговараше  за секојдневниот живот во селото, за предизвиците со кои се соочуваат, и  ги слушна нивните размислувања за актуелните теми во државата.

Во селото Богомила претседателот Пендаровски ја посети спомен - куќата на познатиот македонски општественик, публицист и идеолог на револуционерното ослободително движење и еден од основачите на ТМРО, Петар Поп Арсов. Од страна на историчарот и кустос Марин Клифов и директорот на Народниот музеј Велес, Ангел Коруновски, претседателот беше информиран дека во 1986 година, куќата е конзервирана и била поставена музејска поставка, а истата година е прогласена за културно наследство на државата.

Во селото Горно Врановци претседателот Пендаровски ја посети Партизанската печатница „Гоце Делчев“, каде што е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“, Меморијалниот музеј на Президиумот на АСНОМ, како и Меморијалниот музеј на Главниот штаб на НОБ и ПО на Македонија. При посетата беше посочено дека петте спомен – куќи во Горно Врановци, кои претставуваат меморијални музеи, сведочат за значаен историски период од антифашистичката народноослободителна борба.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »