речник контакт

Претседателот Пендаровски и децата од ПОУ Маца Овчарова, запалија свеќа за Еврејскиот празник Ханука

Во спомен на 7.144 Македонски Евреи жртви на холокаустот

Петар Печков

Претседателот Стево Пендаровски и децата од Посебното осново училиште Маца Оварова од Велес, запалија свеќи за Еврејскиот празник Ханука, кој се одбележуваше вчера, 17-ти декември. Заедно да споделиме светлина и сеќавање и да оддадеме почит на Еврејската заедница, со којашто споделуваме заедничка историја, а ни претстои и заедничка иднина- порача Пендаровски.

На овој ден споделуваме светлина во спомен на 7144 Евреи од Македонија, жртви на холокаустот. Целта на проектот 1000 Менори е да се даде поддршка на училиштата коишто негуваат образование на ученици со попреченост и одбележување на празникот Ханука преку сеќавање на Евреите од нашата земја,кои беа депортирани во логорот Треблинка - кажа  претседателот Пендаровски.

Ханука е празник на светлината. Во проектот, којшто е поддржан од Министерството за надворешни работи на Израел и нивната организација за меѓународна соработка МАШАВ, учествуваат три училишта од земјава, коишто го негуваат образованието на децата со попреченост.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »