речник контакт

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба поради корона вирусот

Вонредната состојба ќе трае 30 дена (засега)

Петар Печков

Одлуката за вонредна состојба ја донесов поради заштита и справување од последиците  на ковид 19  вирусот - образложи претседателот Пендаровски.

Вонредната состојба ќе трае 30 дена и оној момент кога Собранието ќе биде во можност да се состане, ќе му биде доставена да биде  потврдена.  Фактот што за прв пат од нашата независност прогласуваме вонредна состојба, укажува  колку е сложена ситуацијата и колку е голем ризикот за сите нас - изјави претседателот Стево Пендароски. 

Од денес извршната власт има зголемени надлежности  и ќе може да ги користи сите ресурси на државата, и државни и приватни. Во вакви услови Владата ќе може да носи уредби со законска сила, со можност да воведе поголеми ограничувања на движењето на луѓето  и да обезбеди поголеми средства за економијата - кажа Пендаровски. 

Во ова ситуација ќе мора да бидат одложени изборите закажани за 12 април и парламентарните избори да бидат закажани  кога ќе се создадат услови .  Во деновите пред нас бидете дисциплинирани и одговорни пред себе си и своите најблиски. Помагајте им на повозрасни сограѓани и тие хронично заболени. Не излегувате од дома без позначајна потреба, следете ги информациите од надлежните органи и институции и доследно почитувајте ги препораките -  рече Пендаровски.

Апелираше  до сите наши граѓани, да бидат смирени, одговорни, и солидарни еден кон друг. „Ако си помагаме ден кон друг сигурно ќе ја пребродиме оваа ситуација“. 

Претходно попладнево кога од вонредна прес конференција се обрати премиерот Оливер Спасовски, нагласи дека нема да има рестрикции во слободата на движење. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »