речник контакт

Претстава „Синиот портокал“ се враќа на репертоарот на велешки театар, вечерва гостуваат во Демир Хисар

Благојчо Стојанов е актерот, кој ќе биде замена за Самоил Стојановски

Петар Печков

После половина година, хит претставата „Синиот портокал“ повторно се враќа на сцената на велешкиот театар Јордан Хаџи Констатнинов Џинот. Таа вечерва, петок,  ќе се одигра во Демир Хисар, на тамошното Културно лето. Почетокот е во 20ч. во Центарот за култура. 

Претставата е една од најдолго играните на велешки театар, досега со 101 изведба до  средината од јануари. По смртта на актерот  Самоил Стојановски, претставата беше на пауза.

„Имаме долг кон публиката, која ја бара претставата и секогаш се игра пред распродадена сала. Во договор со режисерот Александар Ивановски, тој го избра Благојче Стојанов да биде замената за д-р Роберт. Веќе две седмици се проба во новиот состав“ – кажа Жарко Спасовски, директор на велешки театар и еден од актерите во претставата, заедно со Фаик Мефаиловски. 

Претставата „Синиот портокал“ премиерата ја имаше  на 10 април 2017 година. Приказната е за  двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент, Ерџан , кој заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника. Автор на текстот е британскиот писател Џон Пенхол. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »