речник контакт

Претставата Елешник петок вечер премиерно во велешки театар

"Елешник" од Југослав Петровски е во режија на Елеонора Теова

Петар Печков

Петок вечер, Театарот "Јордан Хаџи Константинов Џинот" премиерно ќе ја изведе претставата "Елешник" од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова. "Елешник" е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов кои стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на "брзото живеење".

Немоќниот човек, робот со одземена самодоверба, лажно ја црта својата среќа. Среќа изградена од материјални добра, далечна, надвор од "себе си". Таму некаде. А чесноста останува чесност, со гордо крената глава, готова да се спротивстави на злото. Да го претвори во љубов, мракот во светлина, грдосијата во убавина, чекањето во "постоење". - изјави  режисерката Елеонора Теова.

Во претставата настапуваат актерите Кети Борисовска, Андреј Серафимовски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Марина Поп-Панкова, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски и Кристина Нацева.

Оваа најнова придукција на Велешкиот театар е дипломска претстава по театарска режија на Елеонора Теова на Факултетот за драмски уметности во Скопје, за која дизајнот го изработи Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »