речник контакт

Претставата „Елегија во пет здива“ одиграна во Темишвар, како дел од содржините на Европска престолнина на културата

На театарскиот фестивал „Еуроталиа“ учествувале 13 претстави

Петар Печков

Претставата „Елегија во пет здива” во режија на Филип Петковски и копродукција на авторот и театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес се одигра на сцената на Германскиот театар во Темишвар, Романија, како дел од содржините на театарскиот фестивал „Еуроталиа“.  

Со оваа претстава беше затворен фестивалот, на кој учествувале уште девет други.  Фестивалот е во состав на уметничката програма на Темишвар Европска престолнина на културата за 2023 година.

Во претставата настапуваат  Васил Зафирчев, Наталија Теодосиева, Симона Димковска и Сара Цветковска. „Елегија во пет здива“  е танц претстава,  базирана по мотиви од стихови поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров, проследени со музиката на Дуке Бојаџиев, Синтезис, Даха Браха, Бетовен и Чајковски.

На театарскиот фестивал „Еуроталиа“ учествувале  13 претстави на реномирани театарски друштва од Шпанија, Германија, Белгија, Австрија, Франција, Летонија, Грција, Данска, Бугарија, Романија и Македонија.
 
фото ФБ/  Фестивал Еуроталиа

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »