речник контакт

Претставата „Синиот портокал“ го отвора Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово

Ќе биде изведена среда вечер 27 септември

Петар Печков

Утревечер, среда, започнува 26 издание ан Фестивалот „Денови на комедија“ кој се одржува во Куманово. Тој започнува со претставата на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ „Синиот протокал“ од  Џо Пенхол а во режија на Александар Ивановски.

Приказната во претставата е за двајца психијатари кои  лекуваат млад шизофрен пациент, темата се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 20 век.

Во претставата настапуваат Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Драматург на претставата е Катерина Момева, автор на музиката е Сашко Костов, сценографијата на Филип Коруновски.    

Според статистиките, Денови на комедијата е  најпопуларен театарски фестивал во државата, кој  пак втора година по ред ќе има натпреварувачки карактер.  Наградите за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, потоа најдобра сценографија, костимографија и најдобра режија ќе бидат доделени на 15 октомври.

Претставата „Синиот портокал“ е една од најгледаните на репертоарот на велешки театар, по премиерата, април 2017 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »