речник контакт

Претставата „Синиот портокал“ на велешки театар на Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков

Претставата ќе биде изведена понеделник вечер

Петар Печков

Претставата „Синиот портокал“ на велешки театар е избрана во конкуренција за Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Таа ќе биде изведена понеделник  вечер на 12 септември во 21,30ч. како последна претстава  во конкуренција, заедно со уште осум други.

Најдобриот актер на фестивалот исто како и во изминатите 29 години ќе добие златен медалјон со ликот на Шишков и паричен износ од 1.500 евра.

Жирито е во состав  ланската, актерката Ѕвездана Ангеловска, која досега два пати ја има добиено престижната награда и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Претставата „Синиот портокал“ е   работена по текст на  Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски. Во претставата настапуваат  Ерџан - Фаик Мефаилоски, др. Роберт - Самоил Стојановски, др. Костадин - Жарко Спасовски. Драматург е  Kатерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, автор на музиката Сашко Костов.

На овогодишното издание е 20-то   издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022, одржано на почетокот на јули во Ресен,  таа ја доби наградата од публиката за најдобра претстава.

„Синиот протокал“ е одлично примена од велешката публика и пет години по премиерата уште е гледана и барана од гледачите.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »