речник контакт

Претставено издваштвото на клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,,

Промовирани беа и дела од велешки автори

Петар Печков

Членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, претставија дел од нивното  творештвото и издаваштвото на клубот, или тоа што го сработија изминатиот период.  

Беа промовирани  сите дела кои клубот ги има издадено во последните пет години, меѓу нив и четири броја од списанието за култура „Велес" како и петте зборника „Велешки поетски пулсирања".   Беше преставено и творештвото на членовите на клубот кои оваа година имаат издадено нови книги а дел од нив прочитаа и сопствени  дела. 

„Клубот има издадено околу педесетина изданија со проза и поезија. Истите ја збогатуваат културната ризница на нашиот град и татковина", кажа Лили Арсова, претседателка на Клубот на писатели, која неодамна беше реизбрана.  Настанот се одржа во медиотеката на Градската библиотека ,,Гоце Делчев,,. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »