речник контакт

Пречек на Нова година во Велес

Локалната власт на општина Велес ќе организира пречек на Новата година во центарот на градот, најави градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.

Петар Печков

Локалната власт на општина Велес ќе организира пречек на Новата година во центарот на градот, најави градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.

- Велешани и сите гости новата 2007 гопдина ќе можат организирано да ја пречекаат во Младинскиот парк, каде во највеселата ноќ ќе ги забавуваат рок групата Суперхикс, оркестарот Агушеви и фолк пејачката Маријана Мишева - најави Коцевски.

Дочекот е организиран со помош на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје и ќе започне на 31 декември во 21.30 часот и ќе трае до половина час по полноќ.

На дочекот  ќе има и богат огномет а просторот ќе биде озвучен со 40 илјади вати озвучување.

За оваа намена од градската каса се одделени 250 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »