речник контакт

При претреси на подрачјето на СВР Велес приведени пет дилери

Пронајдени се 168 пакувања хероин, 17 пакувања грутчеста материја, шест пакувања марихуана, две пакувања прашкаста материја, таблети, дробилки, 178.580 денари и 235 евра. Едно лице кај кое е пронајден хероин и поголема сума пари одреден му е притвор. За две сестри од Кавадарци домашен шритвор.

Петар Печков

На 9 и 10 февруари  полициски службеници од СВР Велес, со судски наредби, извршиле  претреси во Велес, Кавадарци и Неготино, при што биле пронајдени 168 пакувања хероин, 17 пакувања грутчеста материја, шест пакувања марихуана, две пакувања прашкаста материја, таблети, дробилки, 178.580 денари и 235 евра.

„Лишени од слобода се пет лица, и тоа Н.М (39 год) од Велес, кај кого бил пронајден хероин и поголема сума на пари, Г.Д.(43 год) од Велес, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја и марихуана, А.Т.(26 год) и С.Т.(28 год ) од Кавадарци, бидејќи биле пронајдени бела материја, марихуана, таблети и пари, и Н.Р.(26 год) од Кавадарци, затоа што биле пронајдени марихуана и две дробилки“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По итна постапка поднесена била кривична пријава против еден сторител за сторено кривично дело по член 215, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ а од страна на судија на претходна постапка  од Основен суд Велес на Н.М.  му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. По документирање на случајот и против останатите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донел  Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, А.Т. и С.Т.  на возраст од 26 и 28 години, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„На 10 февруари, во нивниот дом во Кавадарци, биле пронајдени 17 пакувања со вкупно 147,16 грама амфетамин, 16 таблети метилен-диоксиметамфетамин, потоа 15,89 грама марихуана во две пакувања и уште четири рачно направени цигари со мешавина од марихуана и тутун“ - соопштија од ОЈО Каавадарци.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, доставил предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Ценејќи ги сите околности, Основниот суд во Кавадарци на осомничените им определил мерка куќен притвор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »