речник контакт

Приватните доктори бараат зголемување на капитацијата, оти пораснале трошоците на живот, но биле зголемени и платите на колегите од јавното здравство

Последното покачување на капитицијата беше лани есента кога од 63 денари скокна на 75 денари

Петар Печков

Приватните доктори од Македонија преку нивното Здружение побараа повисока вредност на капитациониот бод, со што ќе можат да имаат и повисоки плати. Ова здружение брои околу илјада и петстотини приватни доктори, матични, доктори од секундарното здравство.

„Го поздравуваме покачувањето на платите на колегите од јавното здравство.  Не гледаме причина зошто ние приватните доктори да бидеме различно третирани. За да го следиме чекорот на просечни плати, подигнување и растење, така и ние приватните треба да имаме  повисоки плати. Затоа е потребна корекција на капитациониот бод. За да не` планираат во Буџетот за следната година, еве јавно реагираме.  И онака парите за октомври ќе ги добиеме во јануари 2024 година.  Согласно ММФ имаме инфлација, и ние треба да ги следиме трошоците на животот, да ги покачиме платите на докторите, на сестрите“ - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни доктори на Македонија.   

Последното покачување на капитицијата беше лани есента кога од 63 денари скокна на 75 денари. Со овие средства приватните лекари обезбедуваат плата, но и средства  и апарати за работа, лекови, ги плаќаа трошоците за комунални трошоци, за телефонија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »