речник контакт

Приватните доктори бараат намалување на казните

Како што се намалени казните кон стопанствениците, граќаните, така и приватните доктори бараат намалување кон нив на казнената политика

Петар Печков

Управниот одбор на Здружението на приватни лекари побара  од Министерството за здравство и Фондот за здравство намалување на казните, кои се законски пропишани за оваа дејност.   Ова откако Владата започнала со мерки за намалување на казните на стопанствениците и кон граѓаните, па сега тие бараат  истиот аршин да се применува и кон приватните доктори.

Се консултиравме со адвокати, во  однос на Законот  за прекршоци  од 23 јули  и ние како приватни доктори не сме биле опфатени. Нашето членство побара и  ние да бидеме опфатени со пониската казнена политика. И ние плаќаме фирмарини, казни  за одредени работи  и сметаме дека и ние  треба да бидеме согласно платата која је земаме, бројот на вработени со пониски казни.  Приватните здравствени установи треба да влезат во овие нови законски решенија - изјави на прес конференција д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател  на Здружението на приватни лекари  на Македонија.

Тоа  брои околу 1,6 илјади приватни установи што во  примарното што во секундарното здравство. Според приватните доктори, намалувањето на казните ќе придонесе до зацврстување на финансиската моќ     на овие фирми, кои имале значајна улога во  општеството.  Таа не  можеше д а каже колку казни се изречени во последниот период,но знаеше дека стигнуваат до 200 и 300 илјади денари.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »