Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 април 2025
Најавеното од Владата по доаѓањето на власт за покачување на капитацискиот бод за приватните лекари, се случи денес. Тие од овој месец, април, добиваат капитација по пациент од 100 денари, наместо досегашните 75 кои беа со важност од 1 јануари 2023 година. Ова зголемување важи и за гинеколозите, додека стомалотизите добиваат 75 денари наместо 61 денар капитација.
Покачувањето приватните докори ќе го добијат во јули, затоа што исплатата доцни со три месеци. Во 2024 бил намален бројот на амбуланти во споредба со 2023, за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година.
Претстои бран на пензионирање на матични лекари, каде има многи административни проблеми при трансфер на ординацијата кога се пензионираат. Мора да има олеснување на бирократијата за трансфер на оние лекари кои почнуваат со работа. Бројни рурални места немаат матичен доктор и се без здравстена заштита.
Мартовските плати на здравстените работници во јавното здравство се покачени 15 отсто.
Tweet |