речник контакт

Приватните доктори реагираат на новата обврска на колегите од Дебар и Центар Жупа, да вршат дополнителен имунолошки преглед на пациентите

Докторите реагираат дека со новата обврска ќе треба на работа освен постојните 40 работни часа, да минат уште дополнителни 50 работни часа.

Петар Печков

Здружението на приватни лекари (ЗПЛ), реагира на решението кое Министерството за здравство им го дало на матичните доктори од Дебар и Центар Жупа а со кое  им се даваат обврски за посебни задачи.  Со нив на репрезентативен примерок на пациенти, задолжително треба да се изврши  контролен имунолошки преглед.  Докторите реагираат дека со новата обврска  ќе треба на работа освен постојните 40 работни часа,  да минат уште дополнителни 50 работни часа. 

Ова е обврска повеќе за матичните доктори во овој регион. Покрај секојдневните обврски, прегледи, препишување рецепти, совети по телефон  треба да се работат и дополнителни 10 отсто од популацијата што ја имаат е невозможно.   Просек е еден доктор треба да повика 285 пациенти. Да работи со нив по 10 минути тоа се 50 работни часови неделно или цела работна седмица.  Затоа дилемата е во кое работно време матичните доктори да ја работа нивната секојдневна обврска со пациентите а кога да се врши скринингот - кажа на прес конференција д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛ.  Со оваа нова обврска биле опфатени 13 приватни доктори на подрачјето на Дебар и Жупа.  Здружението понуди и решение наместо матичните доктори, кој да ја заврши оваа нова обврска.

Има Центар за јавно здравје,  во центарот на градот Дебар има шатор каде лаборантите  може да  ја завршат обврската. Не смее да се дозволи да падне примарното здравство од овој регион, кое е на удар со ова решение - дополни д-р Чолакова Дервишова.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »