речник контакт

Приватните лекари бараат да бидат вреднувани како и колегите од јавното здравство, во борбата со ковид-19

Не бараме награда, бараме еднаква динамика на плаќање како и јавно здравство, месец за месец

Петар Печков

Приватните лекари очекуваат и нивниот труд во справувањето со  заразата од ковид-19 да биде вреднуван. Објаснуваат не сакаат награда како лекарите од јавното здравство која им ја доделила Владата, туку редовна исплата на капитацијата.  Пред некој  ден ја добиле за месец  февруари, кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватно лекари на попладневната прес-конференција . 

Го поздравуваме одлуката  за награда за докторите од Инфективните клиники, инфективните одделенија и докторите од Итната помош,но не заборавајте на нас.  Да потсетиме дека товарот од изминатиот период, во справувањето со заштита од ковид-19, го понесоа и матичните доктори. Затоа  не бараме награда,  бараме еднаква динамика на плаќање со јавно здравство, месец за месец и да се израмниме со колегите од јавното здравство - изјави д-р Чолакова Дервишова.  

Почетоците на доцнењето на исплатата на капитацијата, која сега задоцнувала 67 дена, започнала уште со воведувањето на приватното здравство во 1992-та кога се задоцнило пет месеци.   

Додаде дека приватните лекари, кои ги  имало 1,6 илјади  во земјава, сами си купиле опрема за заштита, маски, скафандери и дезинфициенси, се што било потребно за нивна заштита и заштита на пациентите во борбата со ковид-19.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »