речник контакт

Приватните лекари бараат подобар статус

Приватните лекари не се задоволни со нивниот статус во здравствениот систем

Петар Печков

  Докторите од примарното здравство се носителите на здравствениот систем во државата но тие не се адекватно вклучени и третирано во здравствениот систем во Македонија, посочуваат од Здружението на приватните лекари.

Затоа бараат почести средби  и почит од надлежните од Министерството за здравство, заради решавање на неколкуте крупни проблеми,  правото на пациентот да избира лекар, препишувањето на одредени лекарства и вредноста на бодот, за кои писмено реагирале а одговор  досега нема.

 

 Промена на режимот на лекови, кој е нефункционален за територијата на Македонија, бидејќи освен во Скопје не постојат толку субспецијалисти да препишат потребен лек во земјава За ова се казнети многу доктори не по нивна вина. Новиот закон кој се најавува  е многу добар како идеја, но во моментов во пракса не може да се примени. Во внатрешноста од земјава, повеќето здравствени институции се технички неопремени, им треба апаратура и кадар кој допрва ќе се едуцира. Правото на еден пациент, на кое Министерството досега инсистираше, секој пациент да се лекува каде сака, никој не смее да му го одземе и сега тој се ограничува -  вели д-р Лили Чолакова претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.

 

За нив е неразбирливо што  на матичните лекари, кои се столбот на системот, со уште не донесен закон им се закануваат со казни за непочитување. Докторите од примарното здравство реагираат на   говорот на репресија и најавите за казни за упат на пациенти  за лекување во одредена институција која не е пропишана,  кога уште ништо не е договорено и дефинирано, а се зборува со тонот дека ќе има казнети лекари. Друго барање за кое и по шест месеци не добиле одговор од Министерството за здравство е капитацијата, вредноста на бодот.

 

Осумдесет отсто од приватните лекари во Македонија се на минималец од 15  илјади денари, за да можеме  со останатите пари  кои ги добиваме да ги платиме сите трошоци кон државата и вработените. Последната плата која завчера ја добивме е 70 отсто за јули. Видете каква дискриминација има, колку е просечната плата во јавното здравство и за кој месец тие имаат земено плата а каде се приватните лекари. Имаме задоволни пациенти а неадекватно платени лекари. Десет години  вредноста  на бодот  не е променета, а каде отиде бензинот, струјата,  цената на апаратурата, ампуларни лекови. Многу е зголемен бројот на прегледи, имаме 80-90 прегледи на ден, имаме квантитет наспроти квалитет – вели д-р Чолакова  во здружението во кое членуваат  две илјади приватни лекари, 1300 матични лекари а останатите се специјалисти.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »