речник контакт

Приватните лекари бараат сет на заштитни мерки и за нив, но и опрема за вакви вонредни ситуации по заканата од корона вирусот

Доктор од регионот на Река бил во изолација две седмици и за неговите две илјади пациенти нема кој да се грижи, немаат медицинска заштита

Петар Печков

Здружението на приватни лекари од Министерството за здравство и Фондот за здравство, бараат опрема за вакви вонредни ситуации и сет мерки за заштита на матичните лекари, во ситуација кога државата се справува со заканата од корона вирусот. Се јавил проблем, кога колега, матичен доктор од регионот на Река, е во изолација и две седмици, неговите пациенти се без доктор и лекарска нега. 

За негови две илјади пациенти нема кој да се грижи а колегата ќе има намалена капитација.  Во овој период не можеме да повикуваме пациенти да прават превентивни прегледи.  Мораме да се погрижиме и за медицинските сестри  кои поради отсуство на нивните деца од градинка, нема да одат на работа  за да ги чуваат дома. Затоа е потребен сет на мерки и за нас - изјави  на денешната прес конференција Лили Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛ на Македонија.   Здружението брои околу 1,5 илјади приватни лекари. Тие имаат и други барања, кои се актуелни со опасноста од корона вирусот. 

Исто како и јавното здравство и ние приватните лекари да добиеме заштитни маски и  дезинфициенси во борбата за заштита од корона вирусот. Од Центрите за Јавно здравје бараме итно да достават печатени флаери со препораки за превентива од корона вирусот, оти искрено малкумина од популацијата над 60 следи социјални мрежи, интернет, и знае како да  се заштити и каде да се јават ако имаат потреба. Пациентите доаѓаат кај нас во чекална, чекаат за да постават наједноставни но за нив неопходни прашања за информирање и едуцирање - додаде д-р Чолакова  Дервишова. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »