речник контакт

Приватните лекари добија корпа, нема зголемување на капитација до крајот на годинава

Нама враќање ниту на партиципацијата

Петар Печков

Барањето на приватните доктори за повисока вредност на капитацијата  засега не мина. Тоа не  може да биде прифатено до крајот на ова година.  Ова им го кажа лично директорката на Фондот за Здравство, при нивната средба во Велес. Причина  била   што годишниот  буџетот на ФЗО   не се предвидува зголемување на висината.

Ова прашање ќе го имаме во предвид кога ќе ги доставуваме нашите буџети до Министерството за здравство и Владата за следната година. Корекција може да се направи од наредната година, затоа што нашите буџети за годинава се формирани и тие  се на годишно ниво - рече Маја Парнарџиева - Змејкова директор на Фондот за здравство.

Таа дополни дека зголемувањето на капитација на приватните лекари не може да се  гледа надвор од здравствениот систем и платите на докторите од јавното здравство.  

Владата овој проблем го гледа пошироко, како да се подобри статусот на сите лекари во здравствениот систем„ додаде Парнарџиева - Змејкова.

Приватните  лекари добиваат по 50 денари капитација за секој пациент. Тие неодамна се пожалија дека  со оваа висина не ќе можат да ги исплатат задолжителните К-15 за вработените, оти капитациајта не била зголемена со години, иако во овој период тие морале да ги пременуваат новините во здравството, кои паднале на нивен трошок.  

   Доколку не  исплатат К-15, тие с е соочуваат со глоба од 4 илјади евра.   Тие побара и враќање на партиципацијата  која треба да ја плаќаат пациентите, за да се подобри финансиската состојба на приватните лекари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »