речник контакт

Приведен велешанец во Битола, кој присилувал деца да продаваат за него

И.Р.(37) од Велес заедно со прилепчанецот В.Д. биле лишени од слобода

Петар Печков

МВР информира за настан кој се случил во Битола, каде две лица принудувале деца да продаваат предмети а парите им ги земале.

На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола- соопштија од МВР.

По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »