речник контакт

Привршува асфалтирањето на регионалниот пат низ Речани

Вкупната должина е 2 км а вредноста на инвестицијата на ЈПДП е 20 милиони денари

Петар Печков

Деновиве Р.Е. на Македонија Пат -Велес привршува со асфалтирањето на регионалниот пат кој минува низ Речани. Овој пат беше сериозно оштетен, бидејќи се користи како влез за тешките возила кон Чашка и Азот, со правец од Гевгелија и Штип. 

Во должина од 2 км. се асфалтира патот на делница од крстосницата кај Башино село до Штипска рампа. Вредноста на инвестицијата е во  висина на 20 милиони денари, обезбедени од ЈП За државни патишта.

Со ова во целина ќе биде реконструиран и асфалтиран патот од мотелите кај Езеро Младост преку Речани  до излезот во Велес, кај крстосницата и влезот од автопат од Скопје за Велес со вкупна должина од 10 километри.  

Градоначалникот Марко Колев се надева дека добрата соработка со ЈПДП  ќе продолжи и во иднина.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »