речник контакт

Привршува вакцинацијата против сезонски грип во Велес

Во Центарот за јавно здравје нема повеќе термини, додека во Здравствен дом може да се вакцинираат лица од ранливите здравствени категории до крајот на неделава

Петар Печков

Привршува вакцинацијата против сезонскиот грип во Велес. Таа се реализираше на два пункта Центар за јавно здравје - Хигиенски и во Здравствен дом -Уред.

Вакцинацијата во Центарот за јавно здравје беше со закажување со мој термин. Од вчера повеќе нема термини, во кои лицата се вакцинираат. Од 2310 добиени вакцини, аплицирани биле 2269. Остатокот биле лица кои  требало да се вакцинираат, но во терминот или биле болни или биле физички отсутни, но со договор од надлежните тие треба да го сторат тоа наредните денови. Таму се вакцинирани лица со комерцијална вакцина по цена од 700 денари а беа добиено 700 вакцини.  Вакцинацијата тука започна од крајот нa месец октомври.

Во Здравен дом вакцинација започна од 23 ноември и досега биле вакцинирани 650 лица, но можат тоа да го сторат во следните денови, под услов да се дел до категории на граѓани кои може да примат бесплатна вакцина - возраст над 65 години, да се хронично болни, трудници, здравствени работници или деца од 5 месеци до 6 години. Во рамките на теренската вакцинација која се одвиваше во месец ноември, во поголемите населени места од пошироката општина Велес, се вршеше исто така вакцинација против сезонски грип. Тогаш биле аплицирани 151 вакцина, од нив 54 во населба Градско и 24 во населба Чашка. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »