речник контакт

Привршува реконструкцијата на приодот кон Велес од источниот влез (фото)

Работите ги изведуваше ЈП Македонија пат а финансиран беше до ЈП Државни патишта

Петар Печков

За една седмица работа, привршува реконструкција на приодот на Велес од источната страна, од Штип. Во теке е завршно асфалтирање на пристапот од крстосницата од Кружниот тек на влезот во Велес и до штипска рампа.

Градежните работи ги изведува ЈП Македонија пат Р.Е. Велес ,активност финансирана од ЈП Државни патишта во висина од 10 милиони денари.  Овој регионален пат  е во надлежност на државата. 

Поради итноста на работите, асфалтирањето се довиваше и во ноќна смена,за да нема застој на оваа фреквентна сообраќајница.

Градоначалникот на Велес Марко Колев, изрази благодарност до Јавното претпријатие за државни патишта за обезбедените средства и Македонија пат - Подружница Велес за изведбата на градежните активности на терен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »