речник контакт

Привршува санацијата на Железничкиот мост на реката Црна

Останува ЈП Македонски железници да изврши пробно товарење на мостот

Петар Печков

Привршува санацијата на железничкиот мост на реката Црна, кај локалитетот Стоби. Изведувачот „Синтек инженеринг“ од Скопје ги  изведе градежните работи  и пред време, од рокот од 45 дена кој му бил даден,  ги заврши градежните активности, кои започнаа на 29 ноември.  Останува ЈП Македонски железници да изврши пробно товарење на мостот.

„Веднаш се пристапи кон санација на средниот столб и на главните носачи на мостот. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10“  соопштија од  ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА.

Железничкиот сообраќај  на пругата Велес- Гевгелија е во прекин  од 14 ноември. Поради тоа товарниот сообраќај не функционира и превозот на стоката од Солунското пристаниште кон Средна Европа се превезува преку Бугарија. Патничкиот железнички сообраќај  се изведува комбинирано,  од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваат со автобус, додека од Скопје до Градско и  од Неготино до Гевгелија се воз.

Истиот мост  претходно, пред четири години  беше оштетен, првиот столб, и во  периодот  од 29 септември 2018 до 8 ноември железничкиот сообраќај беше исто така во прекин. За 40 дена двете компании на МЖ,  Инфраструктура и Транспорт тогаш објавија дека загубиле 1,2 милиони евра.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »