речник контакт

Признание за 70 години хуманост на Црвениот крст

Претседателот на државата Иванов признанието му го врачи на претседателот на Црвениот крст др. Милчо Трајков

Петар Печков

Претседателот Иванов, од името на сите македонски граѓани, со оваа „Повелба на Република Македонија“ му се заблагодари на Црвениот крст на Македонија затоа што, со тоа што го прави, ја враќа надежта во човечноста..

Организацијата оваа година одбележува два јубилеја - 70 години од основањето и 20 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

 Со текот на времето Црвениот крст прерасна во институција преку која граѓаните на нашата држава го остваруваат својот волонтерски придонес во заедницата, средство за обезбедување помош, место за почитување и заштита на дигнитетот на луѓето, стана препознатлив и сигурен партнер за различни иницијативи или со други зборови пријател и подадена рака на лицата кои се нашле во незавидна состојба - рече претседателот на Црвениот крст Милчо Трајков.

Црвениот крст на Македонија има 34 општински организации и скопската Градска организација.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »