речник контакт

Признание за велешкиот олимпиец Ефремов

Градоначалникот му врачи стаклен грб на општината за спомен на настапот и постигнатиот резултат на Олимпијадата во Лондон

Петар Печков

За постигнатиот резултат Кристијан Ефремов, велешкиот олимпиец на ЛОИ во Лондон 2012 градоначалникот на Велес, Горан Петров му врачи признание. Амблемот на градот изработен во стакло е подарокот со кој Ефремов ќе го потсетува на неговиот настап на трката од 400 метри.

Тогаш Кристијан го подобри неговото најдобро време и истрча за  47,92 секунди  со што  подобри  својот резултат за 34 стотинки и на крајот го зазеде  44-то место до 50 натпреварувачи. Ова се случи на полувремето од фудбалскиот натпревар од третата лига  Југ каде  Борец со  4:0 победи  незначајна прилепска екипа. Навивачите пак освен аплауз на Ефремов   му скандираа ,,Ти си наша гордост, ти си наша гордост,, .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »