речник контакт

Признанија во Неделата на сестринството

Годинава новина, признанија добиваат сестрите и техничарите како одделение, не поединци

Петар Печков

Со доделување признанија и забава беше  одбележан 5- мај Светскиот ден на акушерките и  12-ти мај Светскиот ден на медицинските сестри и техничари, Неделата на сестринството.  Годинава овие датуми имаат свое мото ,,Глас што води, здравје за сите, достапни 24/7, од раѓање до смрт,,    за акушерките  е,, бранители на  женските права,, а на медицинските сестри и техничари е  ,, темел на квалитетна, достапна и пристапна нега, спасуваат животи и го подобруваат здравјето и добросостојбата,,.   Традиционално, со години наназад медицинските сестри, техничари и акушерките се собираат да одадат почит на највредните, да разменат искуства и да се дружат.  

Сакаме да дадеме значење на професија на медицинските сестри, техничари и акушерки, оти тие се првите што доаѓаа во контакт со пациентите, но и со здравите кои сакаа да го сочуваат своето здравје. На болните им помагаат да им се олесни болката, страдањето. Акушерките се први кои доаѓаа во контакт со новороденчето и тие ја имаат  најубавата задача да   помагаат при доаѓањето ан свет на бебето - кажа  Ружица Нацева, претседателка на општинското Здружение на   медицински сестри, техничари  и акушерки од Велес.   

Во ова здружение има  околу 170  сестри, техничари и акушерки од Велес. Годинава признанија наместо поединци добија одделенијата. И тоа медицински сестри и техничари од интерното одделение, инфективното одделение, одделот за неврологија и психијатрија и одделот за физикална медицина и рехабилитација при ЈЗУ Општа Болница Велес и патронажната служба при ЈЗУ Здравствен дом Велес. 

Годинава ЈЗУ Општа Болница Велес доби акредитација за три години.  Ги искористивме оценките при  оценувањето на работата од надлежните, бидејќи сестрите, техничарите и акушерките дадоа исклучителен придонес во оценувањето за акредитацијата. Од ЈЗУ Здравствен  дом Велес сестрите од патронажнта служба , како најуспешни од нивната област - рече Нацева. 

Благодарница доби  медицинската сестра Олгица Мојсова Пепелашева, за нејзината   помош при набавката на неколку нови апарати- донација во ЈЗУ Општа Болница Велес.  

Централната прослава на ниво на Македонија, за неделата на сестринството  ќе се утре во Скопје. Таму ќе бидат доделени и републичките признанија за медицинските сестри и акушерки. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »