речник контакт

Признанија за Илкова, Здравковска и Амбарков, наставници за 2016-та

Одбележан 24 мај Денот на Сесловенските просветители

Петар Печков

 И годинава  локалната власт ги награди  најдобрите  просветни работници  од општинските средни и основни училишта. Општина Велес високо ја почитува работата на наставниците вклучени во образовниот процес и затоа секоја година ги наградува најдобрите. Од локалната власт велат дека е тешко е да се направи избор од околу 700  просветни  работници  во општината, на наставници што заслужуваат да го понесат епитетот најдобар.. 

Најдобар наставник во одделенска е Трендафилка Илкова од ОУ Благој Кирков, најдобар наставник по предметна настава  е Весна Здравковска, наставник по математика во  ОУ Васил Главинов Велес.  Признаијата за најдобар наставник од средните училишта ја доби професорот по машински стручни предмети во Средното Коле Неделковски Орданче Амбарков.  

Признанијата беа доделени на Свечената академија, која  Општина Велес ја организираше по повод 24 мај, денот на Сесловенските просветители. 

Трендафилка Илкова како просветен работник  е  вклучена во овој систем  од 1981-та година а започнува од ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари.

 Весна Здравковска дипломирала на ПМФ 1996-та на групата математика и физика а  од 2003-та е  наставник по математика во ОУ Васил Главинов. Орданче  

Орданче Амбарков  16 години  вработен  во средното Коле Неделковски  е професор по стручни предмети во машинска струка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »