речник контакт

Признанија за Петровска и Лазаревска

Петровска доби за медицинска сестра а Лазаревска за акушерка на годината во велешките здравствени институции

Петар Печков

 Во Велес се одржа централната републичка  прослава за меѓународниот ден на медицинските сестри и акушерки. На едно место се собраа повеќе од  500 вработени во здравствениот сектор.  

Меѓу бројните медицински сестри и акушерки, од секоја здравствена институција од земјава, кои добија признание беа и две велешанки, Мита Петровска  од Одделението за уво, нос и грло при ЈЗУ Здравствен дома Велес и Весна Лазаревска    главна медицинска сестра при акушерско -гинеколошкото одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Петровска која за  неколку месеци ќе  има 40 години работен стаж  и некаде во ноември ќе  замине во пензија.

 Ова е големо признание з а мене, со задоволство го примам, цел работен век го посветив на пациентите .Работата ме исполнува. Секогаш се ставам во улога на пациент оти нему му треба помош. Никогаш не сум се штедела, прво ми била работата. Помош имав од фамилијата најмногу од ќерката   -  вели  Петровска. Таа започнала како сестра  на  невропсихијатрија  и  не  ја крие благодарноста кон главната сестра Пандорка Шестакова која и ја дала потребната поддршка и насоки за  натамошната работа. Од таму заминала на интерно одделение, па на одделението за  уво, нос и грло и од таму во амбулантата за оториноларингологија, од каде наесен  ќе замине в пензија.   

 Признание за акушерка доби Весна Лазаревска главна акушерка на гинеколошко -акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес. Таа има 24 години работен стаж.

Прекрасно е чувството да се  биде дел  од  овие  колешки, кои  се  најдобрите  во Македонија, за минатата година.   Несебично своето време  го трошиме  на пациентите. Големо е задоволството да се работи на акушерското одделение, да се  донесе бебе на свет. Тука се раѓа нов живот, секоја среќа ја споделуваме  со најблиските-  изјави Лазаревска. Таа во нејзиниот работен стаж имам работено на повеќе одделенија во велешката  Болница.  Весна е дипломирана медицинска сестра со постдипломски студии. 

Годинашнава порака на акушерките е ,,За подобро утре,, а нивен ден е  5-ти мај, додека   на медицинските сестри е ,,  Подобрување на здравјето, благосостојба, ефективна нега, економична,, а  нивен ден е  12 мај.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »