речник контакт

Признанија за крводарителите за 17 Март (фото)

Ланската година планот е натфрлен за 206 отсто и собрани се 3839 крви единици

Петар Печков

Општинската организација на Црвен крст Велес  го одбележа 17 март Денот на крводарителството.  Беа доделени признанија за најдобрите на полето на крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2023 година.

Признание на 100 пати дарувано крв доби Тодор Хаџи Ристов, за 75 дарувања наградени беа Божо Димовски, Димче Наумов и Стефан Јовчев. Признание за 50 дарувања им беше врачено на  Ѓоре Коцев, Игор Наунчев, Иван Стојанов, Дени Пејчиновски, Јордан Кирков, Драганчо Талевски, Снежана Петрушевска, Роберто Јаневски и Нино Николов.

„17 март денот за кој сме собрани е знак на човекољубието и хуманоста, ден кога се истакнува добрата страна на човекот, големината на крводарителите. Велес е една од четирите организации кои планот за крводарување го реализираа со над 200 отсто. Тоа е заслуга на вас крводарителите. Радува фактот што во Велес, Градско и Чашка имаме нови дарителите кои даваат крв за прв пат а лани такви биле 591 лице. Забележлив е фактот што нови компании, фирми, институции се вклучуваат во крводарителските акции“ - кажа д-р- Кевица Клифова претседател на ОО Црвен крст Велес.

Ланската година крводарителите од велешко, заедно со општините Градско и Чашка, дарувале 3839 крвни единци, со што годишниот  план е натфрлен за 206 отсто а тој е 1.860. Најбројни крводарителски акции биле двете  на Мото клубот „Носачи на крстот“  со вкупно 320 крвни и единици, и летаната крводарителска акција со 175 крвни единици.

Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството, значаен придонес за исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2023 година и за поддршка на крводарителството

Благодарница им се додели на: Команда за обука и доктрини на Армијата на РСМ, „Скил ап академија“, ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, Основна организација на Црвен крст Градско и мотиваторите за крводарителство Благое Климкаров, Дончо Николовски, Слободан Бошков и Зоран Јаневски. Лани 30 волонтери на Црвениот крст Велес сработиле 405 работни часа.

Признание за развој и поддршка на крводарителството добија и Службата за трансфузиона медицина од Велес и др. Лилјана Поцкова, др. Славе Јорданов, Мимоза Николова, Милка Илиева и Душанка Темова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »