речник контакт

Признанија за најдобрите медицински сестри од Велес

Благодарници за 8 медицински сестри од јавниот здравствен сектор

Петар Печков

 По повод 12 мај, Светскиот ден на медицинските сестри во Розе сала се одржа пригодна свеченост. Тука беа наградени најдобрите медицински сестри на  локано ниво, во двете јавни здравствени установи, Здравствен дом и Општа Болница.  Признанија добија: Сузана Стојанова од Детското одделение, Гровче Ѓоргиева и Баже Наневска   од хирургија, Марија Николова ОАРИЛ, Славица  Самаракова гинекологија и акушерство,  Даниела Караџолова интерно, Зорица Буова невропсихијатрија, Елисавета Ангеловска патронажана служба. Посебно признание доби Анти  туберкулозниот диспанзер. 

Го одбележуваме 12 мај, Меѓународниот ден на медицински сестри и 5 мај Светски ден на акушерките.  Оваа година Централната прослава беше во Велес во новиот театар. Мотото  на неделата на сестринството е ,,акушерките го менуваат светот, секое семејство е важно,, и ,,медицинските сестри, сила на промени, ресурс  од витално значење за здравјето,, - рече Ружица Нацева претседател на општинското здружение на медицински сестри во Велес. 

Мита Петровска, од Одделението за уво грло и нос, која неодамна го доби републичкото признание и  за неколку месеци ќе оди в пензија, испрати порака до Министерот Тодоров.

Треба да се размисли да се доделува награда и за  сестрите, не само за докторите. Оти и ние имаме удел во работата. На сите ни е јасно,дека незадоволниот пациент нема да реагира кон докторот, ние сме секогаш  први на удар, ние сестрите  сме тие што ги знаме проблемите. Здравството нема да осиромаши ако се најде некој стумил и за медицинските сестри - вели Петровска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »