речник контакт

Признанија за најдобрите просветни рaботници

За најдобар наставник во одделенска настава за 2012 година беше прогласена Светлана Бобевска, за најдобра по предметна настава од петто до осмо одделение е Сениха Брзева а Валентина Шкрекова е најдобар професор во средното образование.

Петар Печков

Општина Велес  со свечена академија го одбележа празникот на просветните работници 24 мај, посветен на сесловенските браќа Свети Кирил и Методиј.

На академијата се обрати градоначалникот Горан Петров кој потенцира дека Велес е општина лидер на полето на образованието и оти прават напори да ги следат европските стандарди на ова поле.

Тој јавно им оддаде признание на сите 700 просветни работници од училиштата во Општина Велес.

За најдобар наставник во одделенска настава за 2012 година беше прогласена Светлана Бобевска, одделенски наставник во ОУЦП „Блаже Конески“ во Велес. Најдобра по предметна настава од петто до осмо одделение е Сениха Брзева од ООУ „Благој Кирков“, а Валентина Шкрекова од ОСУ „Коле Неделковски“ е најдобар професор во средното образование.

 Тоа што ние денес сме прогласени за најдобро професори во 2012 година, не значи дека другите не се добри и не ја заслужуваат наградата. Тоа што сме тука е заслуга на сите вас, но најмногу на нашите ученици, благодарение на кои ја добивме наградата, рече професорката Шкерова.

Свечената академија, што се одржа во салата „Бели мугри“, беше збогатена со настап на хорот на ООУ „Васил Главинов“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »