речник контакт

Признанија за најредовните читатели на Велешка библиотека (фото)

За највозрасен читател пофалница доби Марија Питиќова, а за најмногу прочитани книги Ацо Давчевски

Петар Печков

По повод патрониот празник, годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велешката библиотека на најредовните  читатели им додели  признанија.

Велешката библиотека „Гоце Делчев“  за патрониот празник 4 февруари, ги врачи традиционалните признанија за најредовните читатели.   За највозрасен  читател  пофалница доби Марија Питиќова, а за најмногу прочитани книги Ацо Давчевски.

Во одделот за деца на најмлад читател пофалница доби Петар Димов, а Искра Ивановска за најмногу прочитани книги од детското творештво .

За подрачната библиотека во Градско во одделот за возрасни за најчитател беше прогласена Љубица Велинова, а во одделот за деца Марија Будимова.

Посебна благодарница од  локалната библиотека „Гоце Делчев“ доби семејството Здравковски за подмирување членарина на сите ново запишани ученици во септември минатата година.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »