речник контакт

Признанија за хуманите - крводарителите за 17 март

Одбележан 17 март денот на крводарителите. Велес втор во Македониај по крводарување.

Петар Печков

Денот на крводарителството и Ден на Црвениот крст на Република Македонија, 17 март,  се одбележа  и во Велес, со доделување на  признанија за најхуманите од општината, која освен Велес ги опфаќа и Градски и Чашка. За 100 пати  и повеќе дарувано крв признанија добија Дончо Николовски, Коле  Панов, Златко Николовски и  Ресул  Асанов.  

Од 84-та сум крводарител, тоа е  хуманост која ја покажувам на дело. Желба  ми беше да стигнам до бројката од 100 дарување. Корисно е  и за  самиот организам а пред се и за животот на луѓето околу нас. Миантиот месец бев во  Скопја, беше потребна крв и таму дарував. Секаде каде треба тука сум, само здравејто да ме служи -  Дончо Николовски од  населба Градско. Тој и Ресул Асанов исто така стократен дарител се вработени во велешка Колска.  

 Дарувам крв за да спасам човечки живот - рече Ресул. Сто пати крв има дарувано и  Коле Панов вработен во  велешката Болница. 

 Прв пат дарував 1982 кога бев  на регрутација за војска. Од тогаш непрекинато давам на секои три  месеци. Сега оти сум со нулта позивит, сум на повик  и давам  само кога  треба на некој итен случај. Им порачувам на младите, крвта нема  цена,затоа помагајте - рече Панов.  

 Доктор Славе Јорданов  од ПЕ на Институтот за трансфузиона медицина, соопшти дека  Велешкиот Црвен крст е втор во Македонија, зад Виница. 

Лани беа собрани   4.377  планирани 1861 крвна единица. На  30 крводарителски акции во Велес, Градско и Чашка беа собрани 1.434 единици  а во одделението за Транфузиона медицина во Велес   2.943 единици. Со ова го натрфлиме годишниот план за 235 ,2 отсто. Првократни дарители во 2015-та има 603  претежно млади и радува и што има  674 крводарителки,  тоа е голем успех - рече д-р Јорданов.    

 Во знак  на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството и значаен придонес во исполнувањето на општинскиот и  републичкиот план за краводарување, признанија добија ЈКП Дервен, Гимназијата Кочо Рацин, населбата Градско и Милица Ристовска Темелковска психолог во средното Економско ,,Јовче Тесличков,,.  

Годинава направивме големи напори за зголемување на бројката  средношколци, крводарители таа  да биде  поголема. Основно е  тие да бидат полнолетни со наполетни 18 години. Во тоа успеавме. Голем број ученици од трета  година, кои немаат наполнето 18 масовно се јавија.  Во акцијата од ноември се јавија 47 дарители. Се чувстувам горд  што успеваме да  обезбедиме капка крв за тие што им е потребна. Работевме со подмладокот од Општинскиот Црвен крст , да ги мотивираме  учениците со предавање, колку крводарувањето е хумано. Бројка се зголеми за 30 отсто. Факт е дека добиват и два дена слободни  - изјави професорот Петре Петрушевски од велешката Гимназија.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »