речник контакт

Признанија за читателите по повод патронатот на библиотеката

За најредовни читатели беа прогласени Загорка Стојкова и Живко Ѓоргиевски

Петар Печков

 Со доделување на признанија на најредовните читатели, велешката библиотека најстарата во Македонија, го одбележа патрониот празник на оваа културна институција. За најредовни читатели беа прогласени Загорка Стојкова и Живко Ѓорѓиевски,   најмлад читател во одделот за возрасни е Моника Ѓоргиева, најмлад читател е  Сашка Кузманова шестгодишна ученичка од ОУ Васил Главинов а највозрасен е Александар Смилев, најредовен читател во одделот за деца Мартин Талаков.  

Велешката библиотека која  ја продолжува традицијата на најстарото читалиште во Македонија и денес како и тогаш се бори за афирмација и популаризација на  македонскиот јазик и книга, како во границите на земјава така и надвор од неа. Од година во година бројката на читатели расте, што искрено не радува – изјави Игор Крајчев директор на Градската Библиотека Гоце Делчев од Велес. 

Тој ланската 2012-та година ја оцени како успешна, набројувајќи ги содржините кои на  културно поле како настан  им ги понудија на велешани, преку промоции на книги, саеми на книга,  конкурси за литературни творби. Библиотеката  има фонд од 110   илјади книги а брои    над 2  илјади членови. Нејзините почетоци се поврзуваат со  велешанецот Ангелко Палашев кој  прибирал книги и  го основал првото читалиште во 1832 година, со што  се ставени темелите на првата библиотека во Велес и воопшто во Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »