речник контакт

Приказна за една секира и Шарлиз Терон

На човек му паднала жената во река. Се појавил Господ и прашал што е проблемот, а овој му кажал. Господ влегол во реката, излегол со Шарлиз Терон и го прашал дали ...

lj lkjl

На човек му паднала жената во река. Се појавил Господ, го прашал во што е проблемот, а овој му кажал. Господ влегол во реката, излегол со Шарлиз Терон и го прашал дали е тоа неговата жена. - Да, таа е! - рекол човекот. Лажеш! - му рекол Господ и страшно се изнервирал. Но, сега е време да ви ја раскажеме целата приказна: На човекот порано му паднала секира во реката. Заплакал и тогаш се појавил Господ и го прашал зошто плаче. Овој му рекол дека секирата му паднала во река. Господ влегол во реката и излегол со со златна секира: - Оваа ли е твојата? - прашал Господ. -Не, не е таа. Господ повторно влегол и излегол со сребрена секира. -Оваа ли е? - Не, не ни таа. Третиот пат Господ се појавил со обична железна секира: - Оваа ли е твојата секира? - Да, таа е! Господ бил одушевен од чесноста на човекот и му ги дал сите три секири и човекот среќен заминал дома. Е, сега се враќаме на почетокот онаму каде што прдемалку застанавме. Господ се налутил затоа што човекот го излажал за жената, но овој му објаснил: - Господе, ако ти признаев дека Шарлиз Терон не е моја жена, ти ќе излезеше со Катерина Зета Џонс. Кога ќе ти речев дека ни таа не ми е жена ти ќе излезеше со мојата жена. Ќе ти кажев дека е таа моја а ти тогаш ќе сакаше да ме наградиш и да ми ги дадеш сите три. А јас сум сиромашен човек и не можам да се грижам за три жени. Затоа ти реков дека Шарлиз Терон е моја жена. Наравоучение: Кога и да лажат, мажите тоа го прават од добри и чесни причини!

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »