речник контакт

Приколките отстранети, плажите слободни

Државата ќе решава кога ќе го изнајмува овој простор

Петар Печков

Барањето за отстранување на приколките кои беа лоцирани покрај брегот на езерото Младост е испочитувано. Сите сопственици ги  дислоцираа изникнатите денови нивните објекти па сега плажите се расчистени  и слободни. Од локалната власт која ја спроведе оваа мерка која наиде на одобрување кај посетителите и реакции кај сопствениците, објаснуваат дека сега натаму државата ќе решава за судбината на просторот.

Плажите се во сопственост на Министерството за транспорт и врски. Тоа решава кога ќе го распише тендерот за нивно изнајмување, наше беше да ги отстраниме приколките – велат од Општина Велес.

За да може просторот, конкретно плажите да се изнајмат било неопходно прво да се расчисти теренот, што изминатиот период и се случи. Посетителите и гостите на Езерото Младост очекуваат дека така ќе се стави ред во користењето на плажите кои сега  се диви и неуредени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »