речник контакт

Прилепчанец пријавил дека се изгубил во регионот на Азот

Полицијата два часа ја пребарувала околина на село Нежилово и го пронашла лицето Д.Т.

Петар Печков

Прилепчанец сам се пријавил дека се изгубил во околината на село Нежилово, и побарал помош од полиција да го пронајде. Настанот се случил ноќеска после полноќ.

„На 18-ти април околу 00.50 часот во Полициската станица Велес, Д.Т.(59) од Прилеп пријавил дека со патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, се изгубил во атарот на село Нежилово, општина Чашка. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка веднаш излегле на терен и извршиле негово пребарување и во 02.45 часот го пронашле лицето во добра здравствена состојба“ -соопштија од МВР.

Лицето било однесен во Полициското одделение Чашка, по што бил предаден на семејството.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »