речник контакт

Прилепчанецот кој беше уапсен дома, крадел во Степанци и Смиловци

Полицијата го сомничи за шест кривични дела

Петар Печков

Прилепчанецот кој тамошната полиција го  упаси дома  на Петровден, годинава, велешката полиција го сомничи за серија тешки краажби. Сите биле извршени во пределот на Клепа.       

„СВР Велес поднесе кривична пријава против С.А.(32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешки кражби“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ во шест викендици во атар на селата Степанци и Смиловци, општина Чашка“ –кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Претходно МВР во билтенот соопшти:

„На 12-ти јули  ул.,,Борнего“  е уапсено лице за кое  била распишанa централна потерница од страна на СВР Велес, поради повеќе извршени кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес“ - соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »