речник контакт

Примарното здравство најавува штрајк

Причина намалената вредност на бодот за капитација. Приватнтеи лекари велат нека започне да се штеди од јавното здравство, кое ги создава загубите.

Петар Печков

Најавеното намалување на капитацијата кај приватните лекари може да резултира со  нивен штрајк. Ова како можно решени, заради остварување на сопствените права но и лекувањето на пациентите, го посочија приватните лекари од Велес на одржаниот состанокот и  се побара државата да почне да штеди од јавното здравство, кое ги создава загубите.

Каде отидоа парите за грешната проценка за набавка на 100 илјади вакцини за свинскиот грип и колку од нив останаа неупотребени? Дали за ваквата лоша проценка сме ние виновни, па сега на нас да се штеди? Владата завчера излезе со проценка дека економската  кризата завршила а од вчера антикризни мерки за штедење во здравството на грбот на примарната здравствена заштита, што ќе се одрази на пациентите. Кога им требавме за грипот дежуравме до 22 часот, лекувавме со наши лекарства,трошевме струја , не добивме надомест и ја поддржавме Владата во нејзините настојувања  а сега ние први на удар.

Треба ли да потсетиме дека  први без проблеми и реакции се фискализиравме во државата, бевме нејзини најлојални граѓани. И сега ноќе дежураме без надомест, но очигледно овој наш труд не се цени па Министерството за здравство, одлучи да штеди на приватните лекари, иако основицата на која сме осигурани е 12 илјади денари, се друго што добиваме од Фондот оди за трошоци за работење.  Во нашите амбуланти санитариите се чисти а во ординациите нема бубашваби, и тие секогаш се загреани. Тоа е огледало кој како работи  – изјавија на состанок приватните доктори од Повардарието.

Затоа тие на Годишно собрание на приватните лекари на Македонија ќе  го застапуваат штрајкот како  легална мерка во борбата  против намалувањето на вредноста на  капитацијата.  Како  контра предлог до Министерството за здравство се упатија пакет предлози за намалување на загубите. Приватните лекари бараат намалување на нестручната и гломазна администрација во Министерството,  укинување на двата менаџери во здравството, намалување на платите во јавното здравство, укинување и реорганизација на Здравствените домови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »