Петар Печков
Објавено: петок, 10 февруари 2012
Седумипол илјади ученици, основни и средношколци од велешко нема да посетуваат настава и во понеделник, вторник и среда. Причина за оваа одлука се екстремно ниските температури и најавата на нови снежни врнежи,по што прекинот на наставата продолжува. Наставата ќе продолжи редовно да се одвива од 16-ти февруари (четврток).
Доколку временските услови наложат продолжување на прекинот на наставата, општинските власти ќе информираат благовремено. Изгубените часови ќе бидат надоместени во договор со Министерството за образование и наука. Во велешките средни училишта настава посетуваат и ученици од соседните општини Лозово, Градско и Чашка. Од општина Чашка илјада основци од Богомила, Чашка и Горно јаболчиште нема да одат на училиште и в понеделник.
Tweet |