речник контакт

Припадниците на Армијата од велешката касарна со донација за социјално ранливите категории

Хуманитарната помош е по повод 15-а април, Денот на велeшката касарна

Петар Печков

Традицијата продолжува, припадниците на армијата донираа помош за социјално ранливите категории од велешко.  Оваа акција се организира  секоја година по повод 15-ти Април Денот на велешката касарна, а донациите се собираат од сопствени средства на секој припадник на АРМ, од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ од Велес.   Оваа година донацијата ја извршија ден порано, на 14-ти април.

„Донирани се  пакети со храна, облека, детско крветче, дубак, покуќнина и останати работи кои ги превземаа волонерите на општинскиот  Црвен крст од  Велес. Во изминатиот период Црвениот крст често соработува во припадниците на Армијата  и тие редовно ја покажуваат нивната хуманост како преку донации, така и со  крводарителски акции кои се одржуваат во велешката касарна“ - рече Орце Николов, секретар на ОО Црвен Крст Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »