речник контакт

Природната чешма во Башино село со непостојан квалитет и исправност

Последниот резултат бил добар, но претходните покажувале дека водата е бактериолошки неисправна

Петар Печков

Последните испитувања на водата од природната чешма,  во Башино село покажала добри резултати. Оваа информација ја пласираа од Центарот за јавно здравје Велес, по поставеното прашање од ТрМр.

Примерок од природната чешма, бил земен во четвртокот и во текот на вчерашниот ден резултатите биле добри.  

Пред еден месец имаше издадено забрана за користење на оваа вода за пиење, бидејќи во неа имало Колиформни бактерии -индикатор на фекално загадување. Иако јавно беше поставено табла известување, тоа за кратко време исчезна од пред чешмата.

Изминатата година водата од оваа природна чешма варираше во однос на нејзината бактериолошка исправност. Имаше испитувања кои покажуваа дека не е за пиење  а во други периоди дека е квалитетна.

Очигледно дека извориштето е подлежно на некакви надворешни влијанија и водата има непостојан квалитет. Тоа го покажа и резултати во јуни и јули.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »