речник контакт

Притвор за Битолчанец, кој на наплатна рампа Сопот бил уапсен со 7,4 грама кокаин

Случајот беше откриен на 9-ти април во 23.30 часот на наплатна станица Сопот,на автопатот Скопје - Велес

Петар Печков

На 9ти април во 23.30 часот на наплатна станица Сопот,на автопатот Скопје - Велес,  од страна на полициски службеници Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња, бил уапсен битолчанец кај кого била пронајдена дрога.

„Од слобода е лишено лицето  Д.Д. од Битола, поради основи на сомнение за извршено кривично дело дистрибуција на дрога. При преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., биле пронајдени и одземени кеса со кокаин и едно пакување со марихуана“ - соопштија од МВР.

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Д.Д. од Битола на возраст од 34 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„Осомничениот делото го сторил со тоа што на 9 април, во патнички автомобил марка БМВ, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – 7,4 грама кокаин и 1,19 грама марихуана. Дрогата била сместена во пределот на потпирачот на возачкото седиште, а била откриена при контрола на автомобилот на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес“.


Имајќи предвид дека постоеле околности кои укажуваат на опасност од бегство или повторување на кривичното дело, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор. Со решение од Основен суд, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »