речник контакт

Притвор за велешаец оти поседувал 26 грама хероин

Лицето А.М. е уапсено на наплатна рампа Сопот

Петар Печков

Велешанецот А.М. (24 год) доби притвор оти кај него бил пронајдена дрога –херион 26 грама. Бил уапсен на наплатна рампа Сопот,во средата.

„На 20.07.2022 околу 20.50 часот на автопатот А1, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(24 год) и С.К.(37 год ), двајцата од Велес, бидејки кај нив било пронајдено пакување со кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени во Полициската станица во Велес“, соопштија од МВР.

Основното јавно обвинителство Велес информираше дека донело  Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен велешанец А.М.  поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„Осомничениот на 20 јули неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во количина од 26,76 грама. Дрогата ја купил од Скопје по што со автомобил управуван од негов пријател се враќал кон Велес, движејќи се по автопатот А1. На наплатната станица Сопот овластени полициски службеници од СВР Велес го сопреле возилото и констатирале дека наркотичната дрога ја држи во џебот – соопштија од ОЈО Велес..

Бидејќи постоела  опасност осомничениот да се даде во бегство,  да ја попречува истражната постапка со влијание врз сведокот како и основан страв дека може да го повтори делото, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднело  предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифатил  предлогот и на осомничениот му определил  притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »