речник контакт

Притвор за велешанец кој кого дома е пронајдена марихуана

Тој претходно на две лица од Велес, им продал по 35 грама дрога

Петар Печков

Основното јавно обвинителство во Велес донело  наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции.

„Во својот дом  во Велес, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 84,07 грама. На 19 октомври тој на две лица им продал 35 грама од дрогата за вкупен износ од 10.000 денари“ - соопштија од ОЈО Велес.

Поради опасноста осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, како и да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, Основното јавно обвинителство Велес предложило да му биде определена мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основен суд Велес го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Претходно, МВР соопшти дека на 19 октомври  во периодот од 12.10 до 17.50 часот на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Б.(36 год), Б.П.(36 год) и Т.Џ.(36 год) од Велес. Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот на Т.Б. биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага, а во домот на Б.П. била пронајдена и одземена кеса со марихуана. Додека, при преглед кај Т.Џ. било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »