речник контакт

Притвор за велешанец кој се обидел да убие девојка во полициска станица

Осомничениот К.Ѓ. бил под дејство на алкохол

Петар Печков

Притвор за велешанец,  К.Ѓ. кој е осомничен дека се обидел да убие сограѓанка. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донело  наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство во обид.

„На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната. Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот“ - соопштија од ОЈО Велес.

Надлежни јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифатил предлогот, па на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

Претходно МВР информираше за настанот, но со сосема спротивни детали. Тие соопштија дека откако  велешанка пријавила тепачка во  населба Речани, кога таа дошла да пријави во СВР Велес,  еден од  учесниците К.Ѓ.  се обидел да ја нападне со остар предмет.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »